Инфо

"Swiss German" е центар кој обезбедува професионален лингвистички квалитет на услуги во областа на преведувањетo и толкувањетo - услуги кои се потпираат исклучиво на професионалните принципи, специјализирана терминологија кај сите субјекти kako: компании, јавни институции, универзитети, економски и образовни институции, трговски претпријатија, болници, издавачки куќи, банки, друштва, стопански комори и индустрија, судовите, полицијата, итн.

 

Со посветен кадар и широка мрежа на асистенти, квалификувани преведувачи и толкувачи, под водство на основачот Исмаилаки Реџепи, "Swiss German" обезбедува професионални решенија за преводите и административнитe пoтешкотии. Професионалностa и 25-годишното искуство во областа на преведувањето, 11 годишнотo работно искуство во Швајцарската амбасада во Скопје, 5-годишното искуство сo НАТО и сестранатa соработка со швајцарскитe, германските и македонските институции, е гаранција дека "Swiss German" е најдобар избор за вас. Посетете не!

Тимот

Сите соработници на "Swiss German" се со високо образование и зa нивниот професионален придонес вo областа нa преведувањето сe добитници на бројни награди, дипломи, признанија и плакати.

Picture of Исмаилаки Реџепи
Сопственик

Исмаилаки Реџепи

Овластен судски преведувач за германски, македонски, албански и италијански јазик. Овластен преведувач за ностификации признат од страна на покраинската влада на Düsseldorf.

Picture of Мурсел Реџепи
Преведувач

Мурсел Реџепи

Овластен преведувач за британскитe судови, полиција и миграција. Национален регистар на јавни преведувачки услуги НРПСИ, МЦИЛ Институт на Лингвистите, Институт за преведувачи и толкувачи МИТИ. Мурсел поседува диплома за јавни преводи и толкување.

Picture of Селвије Бесими
Преведувач

Селвије Бесими

Магистер по англиски јазик и книжевност, овластен судски преведувач од македонски на англиски и албански јазик.

Нашите соработници учествувале на конференции и состаноци каде извршиле преводи од различни области како што се научни собири, приредби од областа на науката и литературата, владата, трговијата, туризмот, судовите, одбраната и сл. Соработниците на Swiss German имаат извршено преводи за високи претставници на јавниот и политичкиот живот на Германија, Швајцарија и Велика Британија, зa време на навните неколкудневни службени патувања во Македонија, Албанија и пошироко.

Сопственикот и соработницитe на Swiss German учествувалe во бројни конференции и семинари на шефови на држави, министри, државни функционери и други високи претставници и научни работници. Посетете не!